Adidas ги затвора физичките продавници, се врти кон интернет продажбата

- Advertisement -

Германскиот производител на спортска опрема Adidas очекува затворање на физичките продавници во текот на наредните години во рамките на пренасочувањето на интернет продажбата, изјави извршниот директор на Adidas, Кеспер Роорсте, во разговор за The Financial Times (FT),  пренесува SEEBiz.eu.

„Со тек на време ќе имаме помалку продавници, но тие ќе бидат подобри. За нас интернет страницата е најбитна продавница на светот“ наведе Роорсте во неделно интервју за FT.

- Advertisement -

Моментално Adidas има 2.500 продавници ширум светот и уште 13 франшизни продавници во кои се продава само еден бренд, напоменуваат од The Financial Times. Се очекува дека во текот на идната година бројот на продавници на Adidas благо ќе се намали, додаде извршниот директор на германската компанија.

Adidas сака да ја дуплира продажбата преку Интернет до 2020 година на 4 милијарди евра. Минатата година компанијата преку тој канал оствари приходи од 1,6 милијарди евра.

Сподели!
- Advertisement -