25 C
Skopje
четврток, август 13, 2020

Уникатно на пазарот: Триглав воведе осигурување на автомобилски гуми!

Kabtel desktop

За првпат на македонскиот пазар се појави уникатен осигурителен производ – осигурување на гуми!

На средината на март, оваа година, Триглав Осигурување, во ексклузивна соработка со „Мотоцентар“, воведе нов производ на македонскиот пазар, осигурување на автомобилски гуми.

Каде и како може да се набави оваа осигурителна полиса? Кои ризици ги опфаќа ова осигурување? Како функционира во пракса? … На сите овие прашања побаравме одговор кај стручните лица во Триглав Осигурување!

Каде може да се купи?
Осигурувањето на гуми може да се склучи само во продажните салони на „Мотоцентар“, при самото купување на нови гуми. Доколку во моментот на купување на гуми не се одлучите да склучите осигурување, го губите правото подоцна да склучите ваков договор. Можат да се осигурат минимум две гуми, кога набавувате две нови гуми, но кога купувате  четири нови гуми, задолжително е да се осигурат сите четири.

Што опфаќа осигурувањето на гуми?

Кога се осигуруваат гуми, првата асоцијација ни е замена на старата гума со нова. Но, овој осигурителен производ има и додадена вредност, со тоа што на осигурениците им нуди и 24/7 асистенција не само во Македонија, туку на територијата на цела Европа, во земјите каде што е имплементиран Меѓународниот систем на зелена карта.

Притоа, осигурувањето на гуми нуди две можности. Кога гумата е оштетена, а може да се поправи, осигуреникот го повикува асистентскиот центар, кој што организира помош од овластен сервис на местото на настанот, со цел поправка на гумата, за возилото да продолжи со патување. Во вториот случај, кога гумата не може да се поправи на лице место, возилото се пренесува со шлеп служба до најблискиот овластен сервис, каде што гумата може да биде заменета. Притоа на осигуреникот му се покриваат сите трошоци поврзани со отстранување на старата и монтирање на новата гума.

Важно е да се напомене дека во пресметката, осигурителната куќа ја калкулира продажната цена која што клиентот ја платил за таа гума, но согласно истрошеноста (амортизација) на гумата во моментот на несаканиот случај, се пресметува процент на учество на сопственикот.

Но, дефинитивно најголемата предност на овој осигурителен продукт е нејзината додадена вредност, односно асистентските услуги, кои што ги ослободуваат  осигурениците од голем товар, да бараат сервис и помош, без разлика кога и каде се случил несаканиот случај.

Целта е да се позиционираме не само како осигурителна компанија, туку и како партнер, кој нуди заштита, поддршка и сигурност во каква било непредвидена ситуација“, велат од Триглав Осигурување.

ШТО ПОКРИВА ОВА ОСИГУРУВАЊЕ ?

Осигурувањето на гуми ги покрива трошоците за:

  • Помош на пат, со цел оспособување на оштетената гума на возилото;
  • Набавка на нова гума; висината на учество се пресметува согласно табелата за амортизација и истрошеност на оштетената гума;
  • Демонтажа и монтажа на гума на тркала;
  • Нов тубелес вентил;
  • Обезбедување на шлеп служба за возилото и превоз за патниците до најблискиот сервис;
  • Чување на возилото, во случај кога автомобилскиот сервис е вон работно време; 

Повеќе информации за осигурување на гуми може да најдете на следниот ЛИНК.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •