4.8 C
Skopje
вторник, ноември 29, 2022

Најмоќната турбина на ветар во светот поставена во близина на Шкотска

Kabtel desktop

Најмоќната турбина на ветар во светот штотуку беше инсталирана во близина на брегот на Шкотска. Компанијата Vattenfall објави дека неделава завршиле со инсталацијата на 11 турбини во заливот Аберден, од кои 2 имаат рекорден капацитет од 8,8 MW. Вкупно инсталацијата ќе генерира 93,2 MW енергија, што е доволно за да се задоволат потребите на 70% од домаќинствата во Аберден, пренесува Inhabitat.

Од Vattenfall велат дека 9 турбини со капацитет од 8,4 MW се поставени во близина на брегот, додека две други турбини се рекорден капацитет од 8,8 MW исто така се поставени на место. Овие турбини се најмоќните во светот и се најголемо достигнување на European Offshore Wind Deployment Centre (EOWDC).

Според проценките, оваа инсталација ќе замени 134.128 тони јаглен. Турбините за EOWDC, најголемата инсталација за тестирање на турбини на ветар, ќе помогне да се оствари визијата на Vattenfall да се исфрлат од употреба фосилните горива.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!