Апликацијата на косовскиот стартап Hello го надмина бројот од еден милион преземања на iOS и Android уреди, пренесува Digital Spoiler.
Истоимената апликација ги поврзува корисниците ширум светот преку аудио повици, групни разговори и слично. Била лансирана како проект од Антон Пачарада во канцелариите на компанијата Trigonom, а веќе успеа да се етаблира како самостојна аудио – социјална мрежа.
Апликацијата Hello е достапна за сите iOS и Android уреди и истата прво нудела можност за поврзување и разговарање со странци, па подоцна транзитирала кон мрежа преку која ќе комуницираат корисниците со своите пријатели. На корисниците им се нудат неограничени аудио повици. Инаку, се работи за еден од најпопуларните стартапи моментално во Косово.
Минатата недела стартапот претстави нов дизајн за апликацијата и нови опции.
„Немаме добиено инвестиција сѐ уште и сѐ што сме направиле до сега било со приватни вложувања во производот во кој силно веруваме, а бројот на корисниците го потврдува неговиот потенцијал. Сметам дека полека се приближуваме до точка кога треба да планираме што понатаму и да бараме надворешни инвестиции.“, изјавил Аријан Кастрати, менаџер во Hello.
Апликацијата можете да се преземе на Google Play сервисите на следниов линк.