Во IDEA London, продавница во Белград, отсега може да се користи биткоин банкомат. Овој банкомат бил официјално отворен пред околу една недела и преку него може да се купуваат и продаваат криптовалути како биткоин и лајткоин, пренесува српски Danas.
„Биткоин и лајткоин се валутите на новата генерација, па затоа е важно и Белград да има еден ваков двосмерен банкомат кој ни дава можност да бидеме дел од глобалниот пазар“, изјавила Наташа Павловиќ, директор за маркетинг и комуникации на брендот IDEA.
Марко Матановиќ кој е менаџер за развој на бизнис во ECD групацијата, изјавил дека ECD како сервис за размена на криптовалути од ваков тип, работи во регионот од 2012 година и има за цел да го олесни пристапот до криптовалути.
Дополнително, во соопштението од ECD групацијата е најавено дека стручен тим од групацијата ќе работи секој ден од 10 до 14 часот во продавницата на IDEA London со цел да им помогне на заинтересираните посетители да го користат банкоматот.
Во наредниот период најавиле дека разгледуваат воведува и на трета криптовалута, како и можност за плаќање со овие валути во продавницата IDEA London.