Во Дубаи почнува тестирањето на паметните регистарски таблички

- Advertisement -

Дубаи има големи планови за иднината на транспортот – од транспортниот систем Нyperloop, кој ќе овозможи патувањето од Дубаи до Абу Даби да се скрати на 12 минути до дронови кои ќе ги заменат такси возилата и автономни возила кои до 2030 година би требало да бидат секојдневие на улиците на градот, пренесува Zimo.

Според тие решенија од иднината, најавата за почетокот на тестирањето на паметните регистарски таблички не изгледа премногу револуционерна, но благодарение на нив ќе може да се спасат животите на луѓето кои настрадале во сообраќајни незгоди.

- Advertisement -

Тестирањето на овие таблички почнува во мај. Досегашните ознаки на табличките ќе ги заменат дигитални ознаки на екрани, а новите таблички ќе имаат и поддршка за GPS и трансмитери. Благодарение на дигиталните таблички во случај на сообраќајна незгода веднаш ќе може да се контактира полицијата и брзата помош, а табличките ќе комуницираат со други автомобили и ќе ги предупредуваат на условите на патот и на евентуални сообраќајни незгоди.

Исто така, во случај на кражба на автомобилот или на табличките на нив ќе се појави натпис како рпедупредување на кражбата, а ќе бидат поврзани и со сметките на сопственикот на автомобилот, па автоматски ќе се наплаќа паркингот и казните.

- Advertisement -

Тестирањето ќе трае до октомври, а уште не е познато колку ќе изнесува цената на едни вакви таблички. По тестирањето овој систем, ако е потребно, дополнително ќе се унапредува и усовршува за потоа дигиталните таблички да може постепено да ги заменат класичните регистрации во Дубаи. Бидејќи табличките ќе имаат GPS, секако дека на возачите им се нарушува приватносѕа затоа што постојано ќе може да се следи нивната локација и движењето.

Сподели!
- Advertisement -