Робот специјализиран за бeрење малини ќе почне да се продава од 2020 година

- Advertisement -

Роботот специјализиран за берење малини е дело на професорот по роботика на Универџитетот Плимут во Англија, Мартин Стелен. Проектот го разви компанијата Fieldwork robotics. Оваа машина е речиси двапати поефикасна од луѓето и за еден ден може да набере25.000 малини.

Роботот користи техника на машинско учење за да ги идентификува зрелите малини и за тоа користи свои камери и сензори. Со „раце“ слични на штипалки за скара ги фача плодовите и ги бере, а потоа ги става во корпа. Технологијата за развој на роботот чинела речиси 1 милион долари и ќе чини уште повеќе затоа што креаторите на роботот планираат да му додаваат нови способности.

- Advertisement -

Имено, овој робот би моќел да бере по една малина на секои 10 секунди и тоа да го прави 20 часа дневно. Кога на роботот би му се додале уште „раце“, на пример четири, ефектот би бил уште подобар. Се размислува и за проширување на неговите можностиза берење патлиџани и карфиол. Комерцијалното производство би требало да почне во 2020 година, а засега не се знае колку ќе чини.

Сподели!
- Advertisement -