Наскоро ќе може да се преземат сите содржини кои сте ги ставиле на Instagram

- Advertisement -

Во земјите од Европската унија наскоро на сила стапува Општа уредба за заштита на податоци, која би требало да го промени начинот на собирање, обработка и снабдување со кориснички податоци.

Сите компании во ЕУ, но и оние кои работат во други земји и собираат податоци за жителите на унијата ќе мора да се прилагодат на оваа уредба или да платат големи казни, пренесува Zimo. Ова значи дека уредбата ќе се однесува и на интернет-компаниите и социјалните мрежи како Google, Facebook, Instagram и други.

Од Facebook уште претходно најавија промена на правилата за приватност за да бидат во склад со барањата на уредбата, а неделава и од Instagram потврдија дека на корисниците ќе им овозможат нови опции врзани за контрола на корисниците над содржините кои ги објавуваат на мрежата.

- Advertisement -

Моментално развиваат алатка која на корисниците ќе им овозможи преземање на сопствените содржини од Instagram – ќе може да се симнуваат фотографии, видеа и пораки, но уште не е познато дали ќе може да се симнат и лајкови, коментари и список на корисниците кои ве следат на мрежата. Исто така, не е познато дали фотографиите ќе бидат достапни во резолуцијата со која се објавени или во намалена резолуција за потребите на мрежата.

Иако од Instagram не открија кога ќе ја претстават новата алатка, се очекува дека тоа ќе биде пред 25 мај, кога стапува на сила новата уредба. Оваа опција би можела да влијае за зголемување на бројот на социјални мрежи кои ќе му конкурираат на Instagram, коментираат некои портали, затоа што корисниците едноставно ќе можат да ги земат своите податоци и да се преселат на друга мрежа. Сепак, не е веројатно дека голем број луѓе ќе го напуштат Instagram, сите контакти кои ги оствариле таму и содржините кои ги објавиле и да ги заменат со друга мрежа со помалку корисници.

Сподели!
- Advertisement -