Саемот на книга со јубилејно 30. издание во ВИП Арена од 3 – 9 мај

- Advertisement -

Од Министерството за култура на Република Македонија соопштија дека од 3. до 9. мај 2018, ќе се одржи 30. издание на Саемот на книга. Саемот од оваа година е на нова локација, односно во ВИП Арена „Борис Трајковски“. Планирано е на истиот да учествуваат сите значајни издавачки куќи во Македонија и неколку издавачки куќи од регионот.

По повод 30. јубилејно издание на Саем на книга, за сите организирани, групни посети на ученици Скопски саем обезбедува бесплатен влез. Донацијата за влез на ученици се обезбедува со цел промоција на најмасовната културна манифестација во земјава, популаризација на книгата и негување на читателската публика уште од најрана возраст.

- Advertisement -

Се очекува зголемено присуство на посета на ова јубилејно издание на саемот и да ја надмине бројката од редовните 40.000 посетители. Издавачките куќи најавија дека ќе ги претстават своите најнови изданија, како и голем број на промоции, средби со автори и големи саемски попусти.

Сподели!
- Advertisement -