Во Шведска пуштен во употреба првиот електричен автопат во светот кој ги полни возилата додека се движат по него

- Advertisement -

Првиот електричен автопат во светот кој ги полни батериите на возилата додека се движат по него беше пуштен во употреба во Стокхолм, Шведска, Патот ќе го поврзува аеродромот Арланда во Стокхолм со логистички места во близина е долг само 2 километри, но е многу значаен чекор напред во стратешкиот план на Шведска за енергетските и климатските промени, пишува Inhabitat.

Оваа нордиска земја сака да стане целосно независна од фосилните горива до 2030 година, а за тоа треба да се намали емисијата на штетни гасови од транспорниот сектор за 70%. Кога ќе се прошират на поголема површина, електричните а втопатишта во Шведска ќе овозможат лесно и брзо полнење на возилата и полесна транзиција на земјата од традиционални мотори со согорување на електрични возила.

- Advertisement -

Системот на автопатот функционира така што електрицитетот се пренесува од инсталираните подземни пруги до возилото на патот преку флексибилна дршка која се прикачува на возилото. „Нема никаков електрицитет на површината. Има само две шини, исто како што на ѕидовите има штекери. Пет-шест сантиметри под шините се наоѓа струјата. Доколку патот се потопи со солена вода, нивото на електрицитет на површината е само 1 волт, па може бос да се гази по него“ вели Ханс Сал, одговорен за проектот eRoadArlanda.

Моментално конструкцијата на 1 км електричен автопат чини околу 1 милион долари, но сепак е 50 пати поевтино отколку да се постави иста должина линија за трамвај. Шведска сега има половина милион километри патишта, од кои 20.000 км се автопатишта.

- Advertisement -

„Доколку сите 20.000 км автопатишта ги направиме електрични, тоа дефинитивно ќе биде доволно. Растојанието меѓу два автопатишта никогаш не е поголемо од 45 км, а електричните автомобили можат да го поминат тоа растојание без да мора да ги полнат батериите. Некои експерти мислат дека доволни ќе бидат само 5.000 км електрични автопатишта“ додава Хал.

Шведска и Германија преговараат за конструкција на мрежа од електрични автопатишта за да се поттикне пошироко прифаќање на електричните автомобили во Европа.

Сподели!
- Advertisement -