Познатиот магазин Business Insider подготвил рангирање на градовите каде може да се живее со помалку од европскиот просек од 690 евра месечно. Листата се состои од 26 европски градови.
Најмногу градови на листата има Романија – дури седум. Понатаму, пет од рангираните градови се во Украина, три во Русија, по два во Србија, Бугарија и во Босна и Херцеговина, и по еден во Македонија, Албанија, Косово и во Белорусија.
Листата била подготвена со собирање на податоците од Numbeo Индексот на трошоци за живот кој ги зема предвид секојдневните трошоци за живот во градовите како намирници, јадење и пиење во ресторан, патување, изнајмување на стан и сметки.
Македонскиот главен град се најде на 14. место и според индексот, овде може да се преживее со 614 евра месечно.
Еве како изгледа целосната листа:
26.Сараево, Босна и Херцеговина – 680 евра
25. Казањ, Русија – 672 евра
24. Новосибирск, Русија – 670 евра
23. Варна, Бугарија – 664 евра
22. Темишвар, Романија- 664 евра
21.Нижњи Новгород, Русија – 660 евра
20.Јаши, Романија – 652 евра
19.Тирана, Албанија – 636 евра
18.Бања Лука, Босна и Херцеговина – 627 евра
17.Минск, Белорусија- 622 евра
16.Пловдид, Бугарија -620 евра
15.Сибињ, Романија – 617 евра
14. Скопје, Македонија – 614 евра
13. Брашов, Романија – 610 евра
12. Нови Сад, Србија – 600 евра
11. Велики Варадин, Романија – 594 евра
10. Арад, Романија – 583 евра
9. Киев, Украина – 565 евра
8. Кишињев, Молдавија – 560 евра.
7. Одеса, Украина – 557 евра
6. Ниш, Србија – 542 евра
5. Крајова, Романија – 530 евра
4. Приштина, Косово – 502 евра
3. Харков, Украина – 469 евра
2. Л’вив, Украина – 465 евра
1. Днепар, Украина – 450 евра