Lia е биоразградлив тест за бременост направен од тоалетна хартија

- Advertisement -

Околу 1.000 тони пластика од тестови за бременост завршува на депонија секоја година, па токму затоа е време за редизајн и реосмислување на тестовите за бременост со позелена и подискретна верзија. Доколку некогаш сте користеле тест за бременост, веројатно сте биле многу повеќе загрижени за резултатите отколку за платичниот отпад кој го оставате зад себе. Но, ако имате избор меѓу биоразградлив тест кој можете да го фрлите во ве-це школката и обичен пластичен тест, кој би го избрале?

Компанијата Lia смета дека дури и во такви одлучувачки моменти во животот, кога би имале опција, би ја избрале позелената варијанта која ја врши истата работа, пренесува TreeHugger. Овој нов тест е обид да се намали пластичниот отпад. Револуционерниот тест на Lia е направен од шест квадрати трислојна тоалетна хартија. Хартијата се базира на протеини, растителни и минерални влакна кои се разградуваат доколку се фрлат во вода и на овој начин се штити приватноста на корисниците на тестот. Доволно е тенок да може да се стави во плико или во задниот џеб од панталони.

- Advertisement -


На краткото демо видео на YouTube може да се види колку лесно се разградува – речиси исто како тоалетна хартија и многу побрзо од влажно марамче фрлeно во вода.

Тестот функционира како и обичните пластични тестови. Треба да ставите урина на него, што е полесно со оглед на тоа дека таргет зоната е многу поголема отколку кај еден пластичен тест. Чекате неколку минути за резултати – една црта доколку не сте бремени и две доколку тестот е позитивен. Од Lia гарантираат 99% прецизност на тестот уште по првиот ден од задоцнета менструација. Летово

- Advertisement -

Lia ќе почне да ги продава тестовите во продавници и на Amazon по цена од 13 до 15 долари за пакување од два теста.

Сподели!
- Advertisement -