Со цел разубавување на кејот на реката Вардар, но внимајќи и на функционалниот аспект и потребите на граѓаните компанијата ,,Орка Холдинг АД Скопје’’ одвои речиси еден милион евра за донација за градење на нов пешачки мост кој ги спојува левиот и десниот брег на реката Вардар во општината Карпош.
Градот Скопје ја прифати донацијата и со тоа ја превзема обврската за одржување на мостот и негов упис во катастарот на недвижности.
Компанијата ,,Орка Холдинг АД Скопје’’ ги одвои овие средства за градење на мостот „Илија Камчев„ по повод 30 годишнината од постоењето на Холдингот. Истиот веруваме дека претставува нов симбол кој ќе ја разубавува општината и истовремено ќе одговори на потребите на граѓаните на оваа општина, но и на граѓаните од целиот град со што ќе се подобри нивниот квалитет на живеење.
Пешачкиот мост е поставен на два бетонски столба и изработен од челична конструкција, а инфраструктурно ги поврзува двата брега на реката Вардар кај Клиничката Болница ,,Аџибадем Систина’’.
Оваа донација на компанијата ,,Орка Холдинг АД Скопје’’ е потврда за нејзината посветеност кон континуирано докажување дека истата со активностите кои ги превзема во своето работење истовремено цели кон високо ниво на општествена одговорност и создавање на значајни вредности за иднината.