Стартува најголемиот хакатон ВО СВЕТОТ – NASA Space Apps Challenge – ПАТУВАЊЕ ВО NASA за најдобрите НА НАЦИОНАЛНО И ГЛОБЛАНО НИВО

- Advertisement -

Викендов Скопје е домаќин на најголемиот хакатон во светот NASA Space Apps Challenge кој овој пат се одржува јубилејно по 10-ти пат од 1-ви до 3-ти октомври 2021 година и ќе донесе можност за 2-ца учесници да патуваат во посета на NASA Kennedy Space центарот, во Флорида, САД во првата половина на 2022 година.

Досега се пријавени над 150 учесници во сите категории, и оформени се над 20тина тимови кои конкурираат за глвната награда. Регистрирањето е сѐ уште во тек и ќе биде отворено се до 9:00 изутрина на 2 октомври (сабота), а може да го направите индивидуално доколку немате свој тим, или пак како член на тим преку овој линк https://forms.gle/wYx9nGXtsSvGK1XK9.

- Advertisement -

Традиционално овој натпревар кај нас се организира од страна на Њуменс Бизнис Акцелераторот и Фондацијата Голдилокс Скопје, а со поддршка на Амбасадата на САД во земјава, како и локални поддржувачи, компании, волонтери и ентузијасти. Од оваа година партнер на натпреварот е и Асоцијацијата на советници за развој на кариера – АСК.

Имајќи ја во предвид пандемијата на COVID-19 и во интерес на здравјето и безбедноста на нашата глобална заедница, овогодинешниот хакатон ќе биде целосно виртуелен настан, но доделувањето на наградите за победниците ќе се организира во живо во Скопје на 7 октомври (четврток), за што деталите ќе бидат дополнително објавени. 

- Advertisement -

Теми и предизвици на натпреварот

За секој Space Apps хакатон, експерите од NASA презентираат предизвици со кои тие реално се соочуваат на Земјата и во Вселената, а за време на натпреварот ќе може да комуницирате токму со креаторите како и со тимови од други локации кои работат на истиот предизвик со цел добивање дополнителни информации, разменување на идеи и мислења. Предизвиците се вкупно 28 на број, од повеќе различни области како AI/ML, Apps, Data Organization, Game, Hardware, Knowledge, Moon, Risk, Science Applications, Space Travel, Youth-friendly, а детално може да ги разгледате на следниов линк https://2021.spaceappschallenge.org/challenges/

- Advertisement -

Натпреварувачки категории и наградиПатување во NASA и гледање на лет на ракета

Во чест на 10 годишнината, NASA додададе 4 нови категории, а воедно со тоа и можност вкупно 10те обеднички тимови од целиот свет (од кои еден може да биде и токму твојот) да патуваат во NASA Kennedy Space центарот во Флорида и да проследат полетување на вселенско летало! Дополнително на ова, 2 члена од нашиот победнички тим на национално ниво со поддршка на локалните партнери и спонзори ќе ја добие истата можност.

Во продолжние е АГЕНДА за NASA SPACE APPS CHALLENGE – Скопје, МКД 2021 (1-3 октомври 2021, петок, сабота и недела)

– 1 октомври (петок), 14:00 ч. – Официјално отворање на натпреварот

– 2 октомври (сабота), Цел ден – Работење на предизвиците и менторски сесии

– 3 октомври (недела), Цел ден – Работење на предизвиците, подготовка на материјалите за презентирање и за прикачување на проектите на глобалната страна на локацијата Скопје https://2021.spaceappschallenge.org/locations/skopje/

– 3 октомври (недела), 17:00 – 21:00 ч. – Презентирање ОНЛАЈН од страна на учесниците пред жири комисија (7 минути презентација + 3-5 минути прашања и одговори) – Секој тим може да се вклучи само во одредениот термин за неговата презентација, но доколку сака може да ги следи сите презентации

– 3 октомври (недела), 21:00 ч. – КРАЕН РОК за прикачување на проектите на глобалната страна на локацијата Скопје

– 3 октомври (недела), 22:00 ч. – Прогласување на 3 тима финалисти

  • 7 октомври (четврток), 15:00 – 16:30 ч. – ФИНАЛЕ НА NASA SPACE APPS CHALLENGE – Презентирање ВО ЖИВО во Скопје (точната локација ќе биде дополнително објавена) од страна на учесниците пред жирито. Прогласување на 1во, 2ро и 3то место, доделување на ваучер за патувањето и други награди за останатите финалисти.

Повеќе информации за главната категорија на натпреварот има на https://fb.me/e/10IXDCYVO 

Во истиот период ќе се одвива и NASA Kids & Youth Space Challenge – 2 и 3 октомври 2021 (сабота и недела)

АГЕНДА:

2 октомври 11:00 ч. – Отворање на натпреварот

2 октомври 22:00 ч. – Испраќање на слики и видео од сработеното на организаторите

3 октомври 09:00 ч. – Известување на сите учесници за изборот на финалистите

3 октомври 11:00 ч. – Презентирање онлајн од страна на финалистите пред жирито

3 октомври 12:00 ч. – Прогласување на 1во, 2ро и 3то место

Повеќе информации за оваа категорија има на https://fb.me/e/1354Bh96P

Линк за пријавување на линк https://forms.gle/wYx9nGXtsSvGK1XK9.

Следете нѐ за редовни дополнителни информации на: https://www.facebook.com/NASASpaceTechMK и https:// www.facebook.com/NewMansBA

Сподели!
- Advertisement -