Катар тестира технологија за детектирање аутизам за само неколку минути

- Advertisement -

Научници во Катар тестираат технологија која би можела на докторите да им помогне во дијагностицирањето на нарушувања од аутистичниот спектар за неколку минути наместо за неколку месеци, пишува Al Jazeera Balkans.

Истражувачи од катарскиот Институт за биометриски истражувања тестираат уред кој го дијагностицира аутизмот кај децата од шест месеци така што го следи движењето на нивните очи. Со стапка на успех од 85% уредот го снима пореметувањето во погледот кое се врзува за болести од аутистичниот спектар.

- Advertisement -

Омар Ел-Агнаф, лидер на истражувачкиот тим, вели дека раната дијагноза прави огромна разлика. „Колку подолго време е аутистичното дете без помош, толку е потешка понатамошната интервенција. Токму затоа раната детекција е клучна за аутизмот“, вели  Агнаф..

Во истражувањето, кое е прво такво во регионот, научниците утврдија дека најмалку едно дете од 100 во Катар има некој облик на аутистично пореметување. Докторите се надеваат дека резултатите од истражувањето ќе укажат на генетските фактори кои може да влијаат на аутизмот и да бидат корисни кога ќе дојде време за терапија.

Сподели!
- Advertisement -