Денеска прв директен лет од Истанбул до Охрид со „Онур ер“

- Advertisement -

 

 

- Advertisement -

 

 

- Advertisement -

 

 

- Advertisement -

По повод воспоставувањето на новата авиолинија Истанбул-Охрид-Истанбул, на настанот ќе се обратат  министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, генералниот директор на ТАВ Македонија Алп Ер Тунга Ерсој и претставници на „Онур Ер“ и „Татилбудур“.

 

 

На аеродромот „Св. Апостол Павле” во Охрид денеска ќе биде одбележано пристигнувањето на првиот директен лет од Истанбул до Охрид со авиокомпанијата „Онур ер”, во организација на тур-операторот „Татилбудур”.

 

По повод воспоставувањето на новата авиолинија Истанбул-Охрид-Истанбул, на настанот ќе се обратат  министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, генералниот директор на ТАВ Македонија Алп Ер Тунга Ерсој и претставници на „Онур Ер“ и „Татилбудур“.

Воспоставувњето сезонска авионска линија е резултат на преговорите што авиокомпанијата ги имаше со македонската Влада како обид за привлекување што поголем број гости на охридската ривиера. Авиокомпанијата Onur Air ќе лета на релација Истанбул-Охрид од 15 април до октомври еднаш неделно.

Резервацијата и продажбата на авиобилетите е достапна на веб – страниците: www.onurair.com и www.tatilbudur.com.

На аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид минатата 2017 година пристигнале рекордни 159.072 патници, што претставува зголемување за 9,7% споредбено со годината претходно.

Авиокомпанијата „Онур Ер“ оперира со 24 авиони што летаат на речиси 40 дестинации, како низ Турција така и на меѓународни летови. Во Европа „Онур Ер“ моментално има директни авионски линии за Русија, Франција, Германија, Австрија, Холандија и Украина.

Турските гости претставуваат значаен сегмент во вкупниот број гости кои престојувале во Македонија. Минатата година Македонија ја посетиле 129.708 турски туристи, што е зголемување за 22,7% споредбено со 2016 година. 

Сподели!
- Advertisement -