Големите финансиски куќи се откажуваат од блокчеин технологијата

- Advertisement -

Блокчеин технологијата стана популарна со развојот на криптовалутите, како што е биткоинот. Првичните очекувања од блокчеин технологијата беа дека ќе овозможи безбедно поврзување на голем број информатички системи, и компании како што се БНП Парибас најавија инвестиции во оваа насока. Влез во блокчеин технологијата најави и компанијата ДТЦЦ, која е една од главните клириншки куќи на Вол Стрит.

Но, овие компании сега најавуваат дека по првичниот развој на блокчеин проектите, заклучиле дека воведувањето на блокчеин технологија е премногу амбициозно во овој момент. По нивниот неуспех, и банката Џеј Пи Морган најавува дека ќе го продаде својот веќе започнат блокчеин проект.

- Advertisement -

Како што пренесе порталот „Коиндеск“, Џеј Пи Морган ја означиле блокчеин технологијата како еден од ризик факторите, кој би можел да ја наруши институцијата.

И останатите големи американски банкарски гиганти како Банка на Америка и Голдман Сахс ја навеле блокчеин технологијата како ризик фактор во своите извештаи. Иако од Џеј Пи Морган подоцна изјавиле дека можеби не требало да ја окарактеризираат оваа технологија толку ригорозно, но нивниот став останува непроменет за во иднина.

Сподели!
- Advertisement -