Од 19 до 23 април ќе се одржи конференција на еминентни научници во Скопје и Охрид

- Advertisement -

Во организација на Хумболдт и ДААД-клубот Македонија, алумни асоцијација која ги обединува корисниците на стипендии на престижните германски фондации ДААД и Александер фон Хумболт, во периодот од 19 до 23 април во Скопје и Охрид ќе се одржи научна конференција на којa ќе присуствуваат добитници на Alexander von Humboldt стипендии од Балканскиот регионот, еминентни професори од Германија, како и видни интелектуалци и млади истражувачи од нашата земја.

Конференцијата со наслов „На вратата на Европската Унија: Улогата на науката и истражувањето во одржливиот развој на балканскиот регион“ има за цел за да ја промовира научната извонредност, меѓународната академска соработка, како и да дебатира на темата на конференцијата која е од особено значење за нашата земја.

- Advertisement -

Фондацијата „Александер фон Хумболдт“ е една од најпрестижните фондации во светот за поддршка на научната академска елита на глобално ниво, во чие семејство учествуваат повеќе од 27.000 врни научници од сите дисциплини, вклучувајќи повеќе добитници на Нобеловата награда и неколку научници од нашата земја.

Отворањето на оваа научна манифестација ќе биде на 19 април во 18.30 часот во МАНУ, во присуство на Министерката за образование и наука на Република Македонија проф. д-р Рената Дескоска, Претседателот на МАНУ проф. д-р Таки Фити, ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, ректорот на УГД-Штип проф. д-р Блажо Боев, , и амбасадорот на Р. Германија, господинот Томас Герберих.

- Advertisement -

Притоа, проф. д-р Валентин Мирчески, основач и претседател на Хумболдт и ДААД Клубот–Македонија ќе одржи предавање во врска со Александар фон Хумболдт фондацијата, личните искуства од научната работа поддржана од оваа фондација и можностите за поддршка на младите научници од нашата земја.

На овогодишниот Хумболт конгрес главното внимание ќе биде посветено на можностите за вмрежување и соработка што ги нуди оваа фондација, како и на предизвиците што претстојат во науката во наредниот период.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -