German Cooperation Startup Camp дел од Дигиталниот самит за Западен Балкан

- Advertisement -

На 18 и 19 април во рамки на Дигиталниот самит за Западен Балкан ќе се оддржи German Cooperation Startup Camp каде што во неформална атмосфера, стартапите и компаниите учесници на самитот ќе имаат можност да разменат идеи и искуства, присуствуаат на инспиративни говори, презентираат своите иновативни продукти и услуги, работат на предизвици од дигиталната економија и бидат обучени од страна на претприемачи за тоа како најдобро да ги претстават своите идеи и работат со инвеститори.

Во рамки на Стартап кампот во вториот ден од самитот ќе се одржи Pitching Competition каде што присутните стартапи и компании ќе ја претстават својата бизнис идеја пред експерти од сферата на претприемништвото.

- Advertisement -

Pitching Competition е отворен за јавноста и ќе се оддржи во ЕКСПО салата (во Спортскиот центар Борис Трајковски, главната сала) со почеток од 09:30 часот.

Повеќе детали за German Cooperation Startup Camp можете да пронајдете на следниов линк.

Сподели!
- Advertisement -