Ова е првото 3D видео од вселената

- Advertisement -

Кога станува збор за експерименти со вселенски летови италијанскиот астронаут Паоло Несполи не знае да каже не. „Во принцип, прифаќам се. Тоа не е паметно затоа што правиш работи за кои на крајот ќе зажалиш, но чувствувам дека тоа е моја должност кон луѓето како човечко битие да го преземам својот дел од товарот за напредок на човештвото“ објаснува Несполи за National Geographic.

Токму од таа причина Несполи минатата година прифати да го сними првото 3D видео во 360 сптенеи кога било снимено на Меѓународната вселенска станица, пишува 24sata. Проектот е реализиран во рамките на соработката со National Geographic, за која Несполи работење на снимањето на серијалот „One strange rock“. На почетокот идејата била да се постави камерата на локација наречена Node 2, односно местото каде што се спојуваат јапонската и европската лабораторија на вселенската станица.

- Advertisement -

„Ја инсталиравме камерата, но не се случи ништо. Двапати побараа да поставам камера таму и двапати сите работевме нешто на сосема друг крај“ објаснува Несполи. Нему потоа му текнало да проба нешпто поинакво, Одлучил да се претвори во статив за камерата. На главата поставил камера Vuze VR, а на грбот лаптоп за камерата да има напојување и почнал да снима.

„Сакав да покажам како изгледа да се лета низ станицата и постојано да се менува орисентацијата. Не одите по подлога, а кога ви е позгодно да одите по таванот, одите по таванот. Ако сакате да одите настрана, одите настрана. Изгледав како идиот“ додава Несполи.

- Advertisement -

Со камерата на глава Несполи ја поминал целата вселенска станица од американскиот до рускиот модул.

Сподели!
- Advertisement -