ВИДЕО: Ford разви футуристичка технологија која на прозорците од автомобилите прави „фотографии“ кои може да се допрат

- Advertisement -

Има причина зошто автомобилите имаат прозорци, а од Ford веруваат дека секој треба да може да ужива во пејзажите надвор додека се вози. Италијанскиот огранок од компанијата со седиште во Мичиген претстави прототип на технологија која ќе им овозможи на луѓето со оштетен вид и на слепите луѓе да уживаат во природата надвор преку допирање на „фотографии“.

Технологијата Feel the View користи камера која се прикажува на прозорците на автомобилот и прави фотографии од пејзажите надвор, пишува Daily Mail. Потоа тие фотографии се претвораа во монохромски со помош на ЛЕД светла. Луѓето можат да ги допрат сцените што се гледаат надвор и во својата глава да си оформат една слика за пејзажот.

- Advertisement -

Ford ја разви технологијата заедно со локалниот италијански стартап Aedo, специјализиран за правење уреди за луѓе со оштетен вид или слепило. „Сакаме да им го подобриме животот на луѓето и ова е фантастична можност да им помогнеме на слепите патници да доживеат друг магичен аспект на возењето. Технолгоијата е напредна, но концептот е едноставен и обичното возење со автомобил може да го претвори во незаборавно искуство“ велат од Ford Italy.

Технологијата има систем за препознавање предмети и ги препознава елементите од пејзажите додека автомобилот се движи и гласно ги исговара, за патниците да знаат дали поминуваат крај планина, шума или оекан. Ford направи и срцепарателно видео за промоција на прототипот.

Сподели!
- Advertisement -