Македонскиот EmbedSocial стана член на европскиот стартап екосистем ‘The Family’

- Advertisement -

Развојот на стартап со светски квалитет и со можности да расте во насока на задоволување на барањата на илјадници корисници бара многу повеќе од развој на совршен производ.

Понудата на една компанија не вклучува само производ туку има многу елементи кои влијаат врз нејзината атрактивност. Многу „несовршени“ производи успеваат да стигнат до своите корисници и  брзо да пораснат во милионски бизниси.

- Advertisement -

„Тука има една магија што нас секојдневно не привлекува.“, вели Никола Бојков, еден од основачите на EmbedSocial.

“Таа магија ја поседува SaaS моделот или понуда на софтвер како услуга кој за нас е многу интересен, најмногу поради можноста за брз раст со многу мали ресурси, а опслужува стотици илјади корисници.

- Advertisement -

Според нашето искуство, за развој на SaaS бизнис, не е доволно само да направите еден фолдер од технички функционалности развиени само од група на програмери. Постои и оваа можност, во случај да успеете пример да направите некој машина за телепортација за чие користење ќе наплаќате на месечна основа и која лесно може да опслужи милиони корисници.

[quote]Да бидеме реални, без добра стратегија за маркетинг, продажба и дистрибуција вашиот прозвод нема ни да дојде до рацете на вистинските корисници.[/quote]

- Advertisement -

Ние имавме можност практично да потврдиме зa важноста нa тие 7П од маркетинг миксот во креирањето на вредност. Па така, најголемата вештина е како да најдете пазар, да задоволите потреба, да му ги надминете очекувањата, да експериментирате со цена која вашите корисниците се подготвени да ја плаќаат секој месец и нормално да барате начини како да ја покачите и вредноста но и цената.

Како заклучок, клучот за успех на SaaS бизнисот е инвестиција во ресурси за маркетинг и продажба.

Повторно ќе ја потенцирам потребата за процесори за плаќање како што се Stripe и Braintree што ќе можат стартапите да ги користат за автоматски повторни плаќања.

Без оваа инфраструктура, ќе биде многу  потешко SaaS моделот да заживее во Македонија и голем број компании ќе бараат решенија во други земји.

Менторството и искуството на луѓе кои пораснале SaaS бизнис од Македонија не постои.

Баравме луѓе што успеале од 0 да стигнат до стотици илјади корисници кои секој месец плаќаат за нивниот сервис. Не успеавме.

Инвестираме многу за да патуваме, запознаваме и сорабоуваме со луѓе од целиот свет. Тешко е, немаме добри авионски конекции, инвестираме многу пари и губиме доста време за да стигнеме на настани или состаноци во други земји. Се изнамачивме да го решиме проблемот со повторни плаќања и да понудиме PayPal и Amex плаќања за корисниците од САД. Но, сепак се исплати“, вели Бојков.

 

На настанот TechCrunch во Берлин овој македонски стартап успеа да најде организациија која целосно ги задоволува нивните барања.

  • Да работиме со луѓе што имаат искуство во SaaS бизнис
  • Да имаме можност да прашуваме без ограничување
  • Да имаме персонализиран пристап
  • Да научиме и практикуваме маркетинг и продажба во обем
  • Да креираме ‘паметна’ мрежа на контакти од цел свет

Можам да објавам дека EmbedSocial годинава официјално стана член на The Family, европски екосистем на стартапи.

  • Не е акцелератор
  • Не е инкубатор
  • Не е стандардна програма која на ист начин им се нуди на различни компании
  • Работат директно и персонализирано со секоја компанија
  • Имате директен пристап до СЕКОЈ во организацијата
  • Имате менторсто за СТРАТЕГИЈА (замислете) од луѓе што реално работеле во вашиот сектор и веќе имаат или продале компании за многу милиони.

Нивните цели се:

  • Да ги едуцираат претприемачите
  • Да изградат инфрастурктура која ќе овозможи раст
  • Да понудат привелигиран пристап до ‘паметни’ пари

Едни од најпознатите членови се Stripe, Crisp, Algolia.

Како резултат на нашето членство и големата помош од менторите од The Family, во период од само 2 месеци успеавме да го дуплираме приходот, да отвориме канцеларија во Токио, и да направиме долгорочна стратегија за раст.

Следен чекор е целосно адаптирање на платформата со нов интерфејс, интеграции со API платформи, креирање на екстензии за големите CMS билдери како Shopify и WooCommerce.

За таа цел во моментов бараме нови луѓе што ќе сакаат да бидат дел од нашата невообичаена и многу возбудлива приказна.

Доколку работите Front-End и имате искуство со JavaScript и кориснички интерфејс, слободно пиши ни на jobs@embedsocial.com

Се надевам нашата приказна ќе ги мотивира компаниите повеќе да прашуваат, да бараат, да експериментираат, да се здржувуваат во екосистеми, да споделуваат, да помагаат.

Развојот на нашиот бизнис па и од Македонија, зависи само од нас. И на нас како претприемачи, останува да го најдеме патот.

Прочитајте ја целата приказна овде.

Сподели!
- Advertisement -