Инвертер клима уредот Hisense Energy Pro го става вашето здравје на прво место

- Advertisement -

Кога станува збор за здрав и чист воздух, не треба да се прави компромис. Вашиот дом треба да биде здраво место. Секако, можете да ја заклучите вратата, да ги затворите прозорците и да го одржувате домот што е можно почист, но штетните бактерии и вируси сепак можат да најдат начин во вашиот личен простор. Без грижи, со помош на паметниот Hisense Energy Pro инвертер клима уред можете да го одржувате воздухот чист и, во исто време, да уживате во совршена удобност секој ден.

Причината за вие и вашето семејство да се чувствувате безбедно и удобно лежи во врвната технологија на Hisense, врвните перформанси и трајната доверливост. Energy Pro инвертер клима уредот има моќ ефикасно да ги отстранува бактериите и вирусите во воздухот, вклучувајќи го и корона вирусот (SARS-CoV-2). Освен тоа, автоматски се прилагодува на вашите потреби, овозможувајќи ви совршено чувство на топлина, дури и кога во зима температурите паѓаат под -22˚C. Разгледајте ги неверојатните карактеристики и предности.

- Advertisement -

Hisense клима уреди – Природна свежина во домот со Hisense – YouTube

Чувствувајте се безбедно вдишувајќи прочистен воздух

Напредната Hi-Nano технологија на Hisense го штити вашиот дом со создавање на енормно висока концентрација на позитивни и негативни јони, до 1 милион/cm3, кои имаат силен оксидативен и високо реактивен ефект. Овие јони се врзуваат за површините на бактериите или вирусите, поради што ја губат својата активност и на крајот ги трансформираат во безопасни молекули на вода. Француската лабораторија Texcell*, глобална организација за истражување на договори специјализирана за тестирање на вируси, покажа дека Hi-Nano може да го инхибира коронавирусот (SARS-CoV-2) за 93,54% за само два часа, обезбедувајќи чист и прочистен воздухот секој ден.

- Advertisement -

Чувствувајте се удобно во секој момент

Освен што ефикасно го чисти и прочистува воздухот, Energy Pro инвертер клима уредот ви овозможува пониски трошоци за 30% благодарение на високата енергетска ефикасност на ладење и греење од А+++. Заштедата на електрична енергија се должи на 3D инвертер технологијата, комбинирана со оптимизиран внатрешен канал за воздух и со современи нажлебени бакарни цевки и термоизменувач. Исто така, без разлика дали вежбате, играте со деца или се релаксирате на софата, ви дава совршено чувство на удобност – без разлика на временските услови надвор. Со Energy Pro инвертер клима уредот ќе ви биде топло дури и во најстудената зима кога температурите паѓаат и до -22˚C.

Преземете ја контролата во секое време

Со паметната технологија доаѓа и интелигентно искуство погодно за корисниците. Поврзете го вашиот Hisense Energy Pro на Wi-Fi мрежа и можете лесно да го контролирате клима уредот преку апликацијата ConnectLife на вашиот паметен телефон. Можете да ги проверите информациите за статусот, да активирате специјални функции и лесно да ја менувате температурата пред да стигнете дома (или да одржувате пријатна температура за вашите миленици) и многу повеќе. Новата апликација ConnectLife е компатибилна и со виртуелниот асистент на Google или со Alexa на Amazon. Кога сте дома, само замислете „ладна“ или „топла“ желба и кажете ја гласно.

- Advertisement -

Одржувајте висока ефикасност и чист воздух

Не мора да се грижите за чистење или одмрзнување на внатрешните или надворешните единици на климатизерот. Со двојното самочистење, поради антибактериската мрежа, акумулираната прашина, микроорганизмите и маслото се отстрануваат лесно и ефикасно од алуминиумската површина на испарувачот преку циклус на замрзнување и одмрзнување. При исклучување, вентилаторот на внатрешната единица продолжува да работи 30 секунди за да го исуши испарувачот. Дури и мразот повеќе не е ваш проблем, бидејќи грејачот на надворешната единица го одржува мразот подалеку, а перформансите високи.

Доколку барате модерно, сигурно и ефикасно решение за ладење и греење, не мора да барате повеќе. Hisense Energy Pro инвертер клима уредот го има целиот пакет, бидејќи ви обезбедува подобар и поздрав воздух, совршено чувство на удобност, паметни карактеристики и уште попаметен, поедноставен начин на користење. За повеќе информации посетете ја веб-страницата на Hisense.  

*Податоците за ефектот на Hi-Nano доаѓаат од податоците тестирани од TEXCELL и SGS во лабораториски услови.

Сподели!
- Advertisement -