Pitch Please 2018 – Како идната работа и пракса во странство стануваат реалност?

- Advertisement -

На 11 мај во 9:30 часот на Економскиот Факултет во Скопје (УКИМ), ќе се одржи- “Pitch Please”, проект за млади амбициозни луѓе преку кои добиваат можност да се запознаат со предизвиците кои им следат во нивниот понатамошен професионален развој.

Организатори на овој настан се АИЕСЕК Скопје во соработка со Економскиот Факултет. Целта на настанот е да се создаде место каде ќе настане синергија помеѓу очекувањата на студентите и барањата на работодавците.

- Advertisement -

Идејата за настанот дошла како реакција на големата стапка на невработеност помеѓу младите во Македонија, неможноста да се продадат себеси и своите таленти пред работодавците. Базиран на Агендата за одржлив развој на Обединети Нации, АИЕСЕК активно се вклучува превземајќи иницијатива за стимулирање економски раст и стабилни работни места преку подобар “pitch” пред компаниите.

Сесиите на настанот ќе опфатат претставување на самите компании и нивната дејност, интеракција помеѓу студентите и компаниите во неформален амбиент, споделување искуства од студенти, членови на АИЕСЕК, универзитетски професори како и стории за патот до успехот од врвни бизнис менаџери.

- Advertisement -

Цена на котизацијата ќе изнесува 290 денари во кои освен незаборавното искуство, е вклучено и ваучер со 20% попуст за АИЕСЕК пракси низ цел свет. Вашето учество најавете го на следниов линк.

За повеќе информации, следете го Фејсбук настанот на следниов линк.

Сподели!
- Advertisement -