Србија најави забрана за пластичните кеси

- Advertisement -

Србија ќе забрани употреба на тенки пластични кеси и ќе воведе задолжителна наплата на биоразградливи, најави српското Министерство за заштита на животната средина.

Како што пренесува N1, претставниците од ова Министерството рекле дека Србија, иако не е членка на ЕУ, ќе ги примени сите мерки од неодамна усвоената Директива за пластика.

- Advertisement -

Според Директивата од февруари годинава, максималната годишна потрошувачка на кеси се ограничува на 90 по лице до крајот на 2019 година.

„Ние сме во постојана комуникација со големите трговски ланци, како и со невладиниот сектор со цел да влијаеме на развојот на еколошката свест кај граѓаните по ова прашање“ велат од Министерството.

- Advertisement -

Според неофицијални проценки, во Србија годишно се трошат околу 20 милиони евра за набавка на пластични кеси, а граѓаните во просек трошат седум кеси дневно, односно 2.555 годишно.

Сподели!
- Advertisement -