Џиновски „облак“ кој го чисти воздухот поставен среде Милано

- Advertisement -

Ако сте изморени од дишење нечист воздух, Милано има привремен спас за сите. „Transitions“ е џиновска инсталација налик на облак која изникна среде уметничкиот кварт Брера за Неделата на модата во Милано 2018. Како што и беше планирано, огромниот павиљон со форма на капка вода ја користи најновата технологија на Panasonic за прочистување на воздухот за сите што ќе влезат внатре да можат да дишат чист воздух.

Повеќето инсталации со форма на облак креираат магла со помош на гасови, кои не се баш добри за здравјето на посетителите. Павилјонот на Panasonic, пак, користи само природна вода за да создаде едно недопирливо и несекојдневно искуство – прошетка низ ултраситна магла креирана со помош на револуционерната технологија на компанијата, пишува Inhabitat.

- Advertisement -

Технологијата Nanoe x на Panasonic ја собира влажноста од воздухот за да создаде наночестички од вода. Високо реактивните компоненти наречени OH радикали, кои се генерираат од огромен број и спречуваат развој на вируси и бактерии, ги отстрануваат непријатните мириси и алергени, а спречуваат и настанување на мувла.

Павилјонот користи воздух под притисок за да ја претвори водата во фина магла. За разлика од конвенционалните модели со два вида течност, оваа технологија креира фина магла со помош на воздух под низок притисок и ја елиминира потребата за големи компресори, па ова решение е атрактивна опција за технологија за разладување на градовите.

- Advertisement -

Инсталацијата „Transition”, всушност, е навестување за последните достигнувања кај технологијата за прочистување на воздухот која ќе се користи во текот на Олимписките игри во Токио во 2020 година за и во текот на жешкото лето температурата да биде пријатна.

Проектот е и енергетски ефикасен. Наместо да се користат големи количини природни ресурси за напојување на клима-уредите, павилјонот со дијаметар од околу 20 метри користи само неколку литри вода за секој циклус. Со оваа инсталација Panasonic одбележува и 100 години постоење и транзицијата кон нова креативна филозофија: дизајнирање производи, услуги и искуства кои се повеќе од физички производи и го подобруваат емоционалното и еколошкото здравје.

Сподели!
- Advertisement -