Огромна маса од рибарски мрежи плови среде Карипското Море

- Advertisement -

Огромна маса од фрлени, заборавени стари рибарски мрежи беше откриена од страна на нуркачи во близина на Кајманските Острови во Карипското Море. Според очевидците, во мрежите биле заробени и убиени стотици животни.

„Масата имаше неверојатна големина. Во мрежите имаше еден куп мртви ајкули и уште не знам какви се видови животни затоа што најголем дел од нив се распаѓаа“ вели еден од нуркачите, Мартин-Мејс.

- Advertisement -

Мартин-Мејс проценува дека масата од мрежи сигурно е длабока и широка повеќе од 12 метри. Фрлената рибарска опрема претставува сериозна опасност за морскиот свет затоа што иако повеќе не се користи, во неа продолжуваат да се заплеткуваат многу животни кои ќе се приближат близу.

Фрлените рибарски мрежи можат да патуваат низ водата со илјадници километри и да останат во длабочините на океаните со години. Тие се еден од најголемите загадувачи на подводниот свет. Треба многу да се потрудиме за да ги заштитиме окeаните и морињата од сопствената невнимателност.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -