Поттикнати од новите трендови за да им излезе во пресрет на студентите при градењето на свoите кариери, EESTEC LC Skopje организира серијa нa бесплатни обуки за студентите од Македонија.
Soft Skills Academy Skopje е идеална шанса за студентите да ги развијат своите меки вештини кои понатаму би им помогнале во развојот на нивните кариери. Идејата е да се обезбеди моќен додаток во образованието на студентите, со што се придонесува до еден неконвенционален начин кон нивно усовршување.
Академијата се организира по вторпат и ќе се одржина 28-ми и 29-ти април и 5-ти и 6-ти мај на Техничкиот кампус при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Идејата е да се обезбеди моќен додаток во образованието на студентите, со што се придонесува до еден неконвенционален начин кон нивно усовршување.
Познавањето на меките вештини овозможува полесно комуницирање, подобро организирање на времето, како и подобрувањето на комуникациските и презентациските способности. Користењето на овие алатки го одвојуваат и истакнуваат поединецот од конкуренцијата при вработување и самопретставување во нови работни околини.На секоја од обуките учество ќе земат по 25 студенти, вкупно 100 студенти на целата академија. Истите ќе следат обуки на следните теми: комуникација, динамика на тим, влијание во решенија и лидерство. Обуките ќе бидат држени од страна на сертфицирани EESTEC тренери, HR претставници од фирми и други експерти од полето на soft skills.
Учесниците ќе следат обуки и ќе стекнат знаења на следните теми:
- комуникација,
- динамика на тим,
- влијание во решенија и
- лидерство.
Обуките ќе бидат oдржaни од страна на сертфицирани EESTEC тренери, HR претставници од фирми и други експерти од полето на soft skills. Нa крaјoт oд денoт учесниците дoбивaaт сертификaт зa успешнo зaвршенa oбукa.
Пријавувањето е бесплатно за сите студенти од УКИМ, а се аплицира на следниов линк. Повеќе информации ќе најдете на Фејсбук страницата на академијата на овој линк.