Преносни лежечки полицајци за привремена контрола на сообраќај

- Advertisement -

Системот Traffic Guard на компанијата Astro Optics e дизајниран привремено да го контролира сообраќајот. За разлика од други преносни лежечки полицајци на пазарот, овој систем може да се постави и да се собере за неколку секунди. Уникатниот патентиран дизајн лесно се прилагодува на речиси секаква површина.

Овие преносни лежечки полицајци може да се користат за да се заштитат децата кога преминуваат пешачки премини така што ќе се контролира брзината на автомобилите и ќе се зголеми безбедноста во училишните зони. Други примени на системот може да се во случај на итни потреби од страна на полицијата или пожарникарските возила, од страна на комуналните работници, работниците кои го контролираат воздушниот сообраќај или на паркизни.

- Advertisement -

Системот Traffic Guard е дизајниран само за привремена употреба за заптита на работници или пешаци, а не за да се оставаат постојано на патот. Наменети се да се поставуваат во делови од патиштата каде што се налага намалена брзина од 25 до околу 60 км/ч. Не се наменети да се користат на брзи автопатишта или да стојат поставени постојано затоа што се направени од пластични делови кои во зависност од волуменот на сообраќајот ќе  се истрошат и ќе треба да се заменат. Сепак, постои верзија за постојана употреба.

Сподели!
- Advertisement -