Информ и ФЕИТ создадоа ,,паметна’’ дигитална кутија за прецизно и реално читање на загаденост на воздухот

- Advertisement -

Живееме во поврзан свет, свет преполн со информации и сектори коишто сеуште треба да се развиваат. Единствениот начин да се постигне тоа е преку иновации и сорабока на компаниите, професорите и студентите.

Како да се развива бизнис секторот за подобра економија преку иновации, беше темата на отварањето на првиот Центар за трансфер на технологии и иновации ,,INNOFEIT’’ минатата недела на Факултетот за електроника и информациски технологии – ФЕИТ. Овој нов центар ќе овозможи создавање на нови производи и услуги со значителна вредност коишто ќе бидат конкурентни на меѓународниот пазар. Спојот – образование, индустрија, Влада е најбезбеден и најпродуктивен начин за развој и еволуција на едно општество. Младите и талентирани луѓе се неисцрпен извор на идеи кои што преку интердисциплинираност и тимска работа ќе имаат пристап до реалниот сектор – ќе се овозможи решавање на вистинските проблеми.

Како Информ стана дел од овој проект?

- Advertisement -

Иноформ е американска ИТ компанија која функционира во Македонија чија што соработка со ФЕИТ цели кон поврзување на теоријата и науката со стопанството и праксата.
„Вистинските проблеми претставуваат проблем во нашето живеење. Сите знаеме колку ранлива страна е загадувањето на градот Скопје и токму поради тој проблем ние се мотивиравме да направиме нешто што ќе остане и ќе претставува модел за понатамошно развивање на нови проекти од овој тип.

Импресионирани бевме од идејата и од напорите коишто ги видовме кај деканот и неговиот тим да се успее и да се постави центар кој ќе биде нешто што го нема во Македонија“, велат од компанијата.

- Advertisement -

Целта е да им се даде избор на младите претприемачи, на студентите, на луѓето коишто имаат визија да направат нешто и да не биде тоа само студентска и студиска вежба, да биде квалитетен производ којшто ќе се продава на светските пазари. Споивме знаење и идеја што ќе помогне – ќе промени многу животи, што ќе овозможи развој и вредност во економската и социјална сфера.

P.A.P.S – Portable Air- Pollution Sensor е компактна и ,,паметна’’ дигитална кутија што ќе овозможи прецизно и реално читање на загаденост на воздухот во средината каде што се наоѓате при што ќе ги прикачи прочитаните податоци на онлајн база.

- Advertisement -
PAPS е мобилен уред за мерење на неколку параметри на загадувачи на амбиенталниот воздух и е наменет за потребите на инспекторите за животна средина на локалната самоуправа и претставува плод на соработка помеѓу академијата, индустријата и локалната самоуправа.

Тој нуди брза и точна анализа на амбиенталниот воздух по европски стандарди и ќе помага во спречување и намалување на загадувањето на воздухот. Податоците се чуваат локално на уредот и истовремено се качуваат на cloud, каде што ќе бидат достапни преку веб-портал и мобилна апликација на повеќе мобилни платформи. Овој концепт дава многу придобивки:

  • ниска цена благодарение на домашното производство на уредот, а следствено и локална и регионална техничка поддршка;
  • мерења согласно европски стандарди;
  • директно влијание на намалувањето на загадувањето и избегнување на корупција благодарение на достапноста преку ниската цена;
  • охрабрување на соработката помеѓу академијата, индустријата и владата преку успешниот модел и намалување на brain-drain факторот

Според нашите истражувања се очекува да се намали процентот на загаденост на воздухот за 50% со помош на овој уред. Доколку почесто се прават мерења на воздухот, ќе може локалните власти да реагираат и да го детектираат изворот на загадувањето при што ќе се овозможи поздрава средина за живеење.

„Особено важно за Информ е крајниот резултат на оваа соработка, а тоа е создавањето на еден модел кој ке го направи бизнис секторот заинтересиран за науката. Имплементација на науката во бизнис секторот е клучна врска за развој и креирање на производи.

Се надеваме дека оваа соработка ќе ги мотивира и другите компании во Македонија да тргнат по една иновативна и нова етапа за развивање на нови и идеи и програми коишто ќе ги задрже луѓето во својата земја“, велат од Информ.

Сподели!
- Advertisement -