Во тек е пријавувањето за иновативниот образовен камп Inno4Edu на SmartUp – Social Innovation Lab

- Advertisement -

СмартАп – Лабораторија за социјални иновации во соработка со УНИЦЕФ организира 18-дневен образовен камп #Inno4Edu со цел да се поттикне и да се креира реална промена во образованието во Македонија, кој ќе се реализира преку работни средби во периодот од 05.05.2018 до 16.06.2018 година во Национална универзитетска библиотека ,,Св. Климент Охридски” ​Скопје.

Главната цел на Образовниот Камп (#Inno4Edu) е трансформирање и понатамошен развој на три од петте идејни решенија за подобрување на образованието кои произлегоа од неодамнешниот #ОбразовенХакатон​, проект кој се реализираше во склоп на конференцијата на УНИЦЕФ „Квалитетно образование за раст, развој и подобра иднина“ во декември 2017 година, во целосни продукти и проекти спремни за имплементација и тестирање (MVP) од страна на УНИЦЕФ и други релевантни институции.

- Advertisement -

Главните теми кои произлегоа од идејните решенија на хакатонот, а кои ќе се разработуваат на образовниот камп се:

  1. Карактерни блокови
  2. Идна инклузивна училницa
  3. Oнлајн библиотека за образовни игри за предшколска возраст.

Повеќе детали за темите, предизвиците и агенда од програмата може да се најдат на следниов линк. За учество на кампот потребно е да аплицирате на следниов линк.Крајниот рок за пријавување е 30.04.2018 во 18 часот.

- Advertisement -

Образовниот камп #Inno4Edu се стреми да ја прикаже вредноста и да ја адресира потребата од вклучување на различни профили на граѓани во развој на нови и иновативни решенија, како и придобивките од користење на иновативни пристапи, дизајнерски методи и технологија во процесот на развој на социјални иновации за постигнување на посакувани резултати.

Станува збор за настан наменет за сите заинтересирани граѓани на возраст од 16 до 27 години кои сакаат да поттикнат позитивна промена во образованието работејќи под водство на ментори и експерти во мултидисциплинарни тимови составени ​од наставници, ученици, студенти, уметници, дизајнери, програмери, архитекти, психолози, педагози​, и останати, но и сите останати заинтересирани граѓани полни со креативни и иновативни идеи.

- Advertisement -

Кампот е замислен како една алтернативна училница и средина за учење која не е ограничена од физички простор, туку ги истражува можностите кои ги нуди отворената средина и учеството на истиот е бесплатно и отворено за сите оние кои се заинтересирани да дадат свој придонес за подобрување на образованието во Македонија.

Учесниците на крајот од кампот ќе добијат сертификат за учество од страна на СмартАп и УНИЦЕФ, а членовите на победничкиот тим ќе добијат и симболична награда.

Повеќе информации за #Inno4Edu, начинот на пријавување и можностите за соработка може да најдете на нивната веб страница на следниов линк.

СмартАп – Лабораторија за Социјални Иновации Скопје е задолжена за имплементација на проектот, a проектот е поддржан од страна на УНИЦЕФ.

Сподели!
- Advertisement -