Пенка Мукаетова, добитник на признанието “Дама Године“

- Advertisement -

Белград петта година по ред, јубилејно го посведочи доделувањето на признанието ДАМА ГОДИНЕ 2018 од страна на Здружението Дете у Срцу, на прекрасно организирана гала свеченост од затворен тип и во присуство на истакнати дами од приватниот, јавниот и општествениот живот.

Ова признание симболизира поздрав за успешноста на жената, нејзината софистицираност, убавина и посебност. Но, уште повеќе, тоа е потврда за квалитетот и посветеноста во работата, талентот и вредноста на личноста. Признанието е со интернационален карактер и беше доделено на дами од поширокиот југоисточен регион на Европа.

- Advertisement -

Наша огрома гордост е фактот дека оваа година признанието ДАМА ГОДИНЕ за прв пат беше доделено и на лауреат од Р. Македонија. Статуетката, целосно заслужено, беше примена од Пенка Мукаетова, сопственик и генерален менаџер на КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП, како валидација на нејзиниот особен придонес во бизнис заедницата.

- Advertisement -

Пенка Мукаетова во својот поздравен говор ја истакна својата надеж дека мостот кој се изгради преку признанието ќе остане цврсто да стои и во годините кои доаѓаат, за на истата сцена да се проследат уште многу жени кои покажале што значи да си дама. Правејќи осврт на својата работа, таа потсети зошто нејзината компанија е лидер во своето поле на дејствување: „Денес, на македонскиот пазар и пошироко, мојата компанија КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП е водечка консултантска компанија и синоним за комплетен правен сервис кој обезбедува целосна правна поддршка. За тоа, се особено заслужни луѓето кои го сочинуваат мојот тим, кои ме следат во чекор и кои секојдневно ги докажуваат своите стручност и креативност“.

Пред да биде испратена од сцената со сеопшт аплауз, Пенка Мукаетова го изрази своето уверување дека добиеното признание е потврда на идејата дека напорната работа, вложениот труд, неуморливоста и амбицијата секогаш водат кон успех!

Сподели!
- Advertisement -