Започна пријавувањето за Spark.me 2018 стартап натпреварот – победникот ќе се претстави пред инвеститори во Сан Франциско

- Advertisement -

Организацискиот тим на Spark.me, една од најголемите маркетинг конференции во југоисточна Европа, која ќе се одржи од 26 до 27 мај во Будва (со серија специјализирани работилници закажани за 25 мај), го отвори пријавувањето за Spark.me 2018 стартап натпреварот. Победничката екипа ќе добие прилика да претстави свој проект пред водечки светски инвеститори и медиуми во TechCrunch Disrupt во Сан Франциско.

Spark.me натпреварот цели кон тоа да ги собере тимовите од целиот регион и преку програмата на конференцијата и учеството во натпреварот да им овозможи своите проекти да ги претстават пред целиот свет. Досегашните победници на Spark.me стартап натпреварот се Couch Coach (2017), dryTools (2016), COPRIX media (2015), FishingBooker (2014) и TruckTrack (2013). Учеството во стартап натпреварот е отворено за сите стартапи кои се основани после 1 септември 2016 година (без разлика дали се регистрирано претпријатие или не) и кои до сега примиле инвестиции со вкупен износ помалку од 2,5 милиони долари.

- Advertisement -

Заинтересираните стартапи треба да пополнат апликација на следниов линк, после што ќе поминат низ првиот круг на селекција. Рокот за пријавување е до 10 мај 2018 година. Листата со 10 најдобри стартапи кои ги минале првиот круг на селекција и кои ќе имаат можност да се претстават пред меѓународното жири, ќе биде објавена на 17 мај на официјалната веб страница на конференцијата.

Победничкиот стартап ќе има можност да го оствари својот со и од 5 до 7 септември 2018 година да замине за Сан Франциско каде ќе ја претстави својата идеја пред инвеститори од целиот свет. Ќе добие две повратни авионски карти до Сан Франциско, хотелско сместување за три дена за две лица, две карти за конференцијата TechCrunch Disrupt San Francisco 2018 и закупен штанд во Алејата на претприемачи на конференцијата.

- Advertisement -

Конференцијата TechCrunch Disrupt San Francisco 2018 има посетеност од повеќе од 10 000 учесници и 400 медиуми, додека пак Алејата на претприемачи е изложбен простор каде се собираат околу 1200 стартапи и се посетени од водечки американски и светски инвеститори, медиуми, како и општата јавност која го посетува настанот. Ова претставува една од најдобрите можности бизнис идејата да се претстави пред потенцијални инвеститори и да се стапи во контакт со луѓе кои можат да им помогнат на стартапите да го остварат својот сон.

- Advertisement -

Организаторите на Spark.me претходно ги објавија имињата на другите главни говорници на конференцијата – Марк Шејфер, кој е еден од водечките светски стратези во областа на маркетинг на социјалните медиуми; Мајк Масимино, поранешен НАСА астронаут, професор на универизитетот Колумбија и познато ТВ лице кое шест пати се појави во хит серијата „Теоријата за големата експлозија“ (The Big Bang Theory); Денис Ли Јон, експерт во областа на брендирањето, консултанка и авторка на неколку бестселери; Бојд Малтерер, поранешниот главен инженер за Xbox играчката конзола кој ги основаше Xbox Live и XNA сервисите; Дираж Мухержи, коосновачот на Shazam; како и Кери О’Шеј Горгон, која е директорка за стратегии во MarketingProfs – водечки извор на информации за повеќе од 600.000 маркетинг професионалци ширум светот и водителка на Marketing Smarts подкастот. Во наредниот период ќе бидат објавени и имињата на останатите говорници на конференцијата.

Билетите за конференцијата Spark.me 2018 можат да се купат на официјалната веб страница на конференцијата www.spark.me. Целосната цена на билетот е 300 евра, но сите заинтересирани можат да го набават својат билет и по промотивна цена од 150 евра до 18 февруари. Овој билет вклучува пристап до сите предавања на 26 и 27 мај, сите работилници на 25 мај, на стартап натпреварот од 26 до 27 мај, ручек во хотелот Медитеран на база на шведска маса за двата дена на конференцијата, освежување на сите кафе паузи во текот на целата конференција, како и коктел прием на 26 мај. Во цената на билетот не е вклучен превоз и сместување.

Како мотивација за сите млади луѓе желни за знаење, во понудата има и студентски билети наменети за средношколците и редовните студенти, постдипломците и докторантите помлади од 27 години, чија цена изнесува 50 евра. Купените билети можат дополнително да се пренесат и на друг учесник односно да се промени името, но парите не можат да се рефундираат.

Конференцијата Spark.me ќе се одржи по шести пат во хотелот Медитеран во Будва, Црна Гора. Во склад со желбата секоја година дополнително да се збогатува програмата, организацискиот тим на конференцијата за учесниците подготви и серија бесплатни работилници од областа на маркетинг и претприемништво кои ќе се одржат на 25 мај во хотелот Медитеран.

Организатор на Spark.me конференцијата е компанијата doMEn d.o.o, агент за регистрација на црногорскиот национален интернет домен – .ME, која од 2013 година ја организира конференцијата еднаш годишно во Будва. Spark.me им нуди можност на учесниците да научат за актуелните трендови во областа на маркетингот, технологијата и бизнисот од светски познати експерти и да остварат контакт со преку 550 учесници на конференцијата од повеќе од 20 држави во светот меѓу кои ќе се најдат и лидерите од бизнис светот, светот на технологијата и иновациите, маркетери, стартапи и луѓе желни за знаење.

За повеќе информации околу Spark.me, посетете ја официјалната веб страница на конференцијата www.spark.me, Facebook страницата www.facebook.com/sparkdotme , профилот на Twitter twitter.com/sparkdotme, како и профилот на Instagram www.instagram.com/sparkdotme/.

Сподели!
- Advertisement -