Со новиот автомобил на Volvo патувањето ќе биде и визуелно и миризливо

- Advertisement -

Со новиот модел на автомобилот S90 Ambience Concept, Volvo претставува нова дефиниција на луксузот – луксуз кој не е ограничен само на материјалното, туку влијае и на сетилата и овозможува едно целосно нов искуство во возењето на четири тркала.

Покрај одличниот дизајн и напредната технологија која се подразбира кај возилата од највисока класа, овој автомобил носи и магични и атрактивно визуелно искуство, фантастичен звук и опојни мириси, кои би требало секое возење со автомобилот да го направат посебно, пренесува Zimo.

- Advertisement -

Со S90 Ambience Concept доаѓа и посебна мобилна апликација со која се управува со визуелните и звучните ефекти и со мирисите. Досека вие седите удобно сместени на задното седиште, на делот од автомобилот над главата може да се прикажуваат 9 различни сценарија како скандинавска шума, слобода, поларни светла итн.

Сите тие сценарија ги следи и атрактивна звучна кулиса – автомобилот е опремен со звучници Bowers & Wilkins, а мали звучници има дури и во потпирачите за глава. Во зависност од желбите на патниците, може да се избере еден од 4 мириси кои се нaоѓаат во централната конзола. Звуците, мирисите и сценаријата се прилагодуваат на расположението на патниците. Од компанијата истакнаа дека автомобилот пред се е наменет за кинескиот пазар.

Сподели!
- Advertisement -