ВИДЕО: Запознајте ги Blea, електричните даски за сурфање

- Advertisement -

Доколку некогаш сте сурфале, знаете како оди тоа. 45 минути пловите додека да стигнете на местото каде што почнуваат брановите, ќе ве турнат 3-4 бранови, ќе голтнете малку повеќе солена вода, а кога ќе се завртите назад ќе видите дека, всушност, не сте се оддалечиле повеќе од 20 метри од брегот.

Потоа, трошите 700 долари на даска за сурфање или по 100 долари за часови по сурфање, без гаранција дека некогаш ќе успеете да го совладате океанот или морето. А ако не живеете во близина на вода, веројатно никогаш нема да научите да сурфате.

- Advertisement -

Сега можете да ги имате најдобрите перформанси во најдобриот спорт на вода и сето тоа со електрични даски кои имаат многу подостапна цена од обичните. Blea Shark е електрична даска за сурфање, а не ракета, иако нема да забележите некоја разлика кога ќе се качите на неа.

Заборавете на чекањето на совршениот бран или совршените временски услови за сурфање. Со оваа електрична даска можете да сурфате во Канзас во зима, во локалното езеро, во базенот на соседите и да ги победите сите останати суфери на најголемите бранови. Со Blea нема повеќе ограничувања, туку само одлична забава.

- Advertisement -

За електричната даска за сурфање уште е во тек кампањата за грушно финансирање на Kickstarter. Минималната инвестиција за да добиете една даска е околу 3.000 долари.

 

Сподели!
- Advertisement -