Нови цени на горивата

- Advertisement -

Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98, како и на Еуродизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за два денара по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според РКЕ, малопродажната цена на Еуросупер 95 ќе биде 70 денари, на Еуросупер 98 ќе биде 71,50 денари, на Еуродизелот ќе биде 62 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство со цена од 50,50 денари за литар.

- Advertisement -

Се зголемува и малопродажната цена на мазутот, за 1,317 денари, поради што килограм ќе чини 30,037 денари.

Сподели!
- Advertisement -