Сепак има надеж за дизелашите – германски изум ги прави 10 пати почисти од дозволеното

- Advertisement -

Дизелашите се спасени! – тврдат од Bosch, најголемиот светски производител на електрични кола и уреди за автомобили. Германскиот гигант, кој има 402.000 вработени претстави револуционерен систем за прочистување на штетните гасови од дизел автомобилите, кој ќе овозможи револуција, односно намалување на злогласните натриумови оксиди далеку под ограничувањето до 2020 година, пишува Poslovni Puls.

Од Bosch изјавија дека новата технологија ќе може да ја намали емисијата на азотни оксиди на само 13 милиграми по километар, што е далеку под дозволената граница од 168 милиграми денес и 120-те милиграми кои ќе бидат дозволени во 2020 година.

- Advertisement -

Според компанијата, технологијата е доволно добра за наскоро да се вгради во сериско производство, притоа потенцирајќи дека ќе има минимален ефект врз потрошувачката на гориво и перформансите, и ќе функционира независно од надворешните фактори како што се стилот на возење, рутата и надворешната температура.

- Advertisement -

Таа вест доаѓа како мелем на рана за германските производители на автомобили, чии погонски системи се базираат на дизел мотори. Со примена на оваа технологија дизел автомобилите ќе станат поеколошки и од автомобилите на бензински погон.

Сподели!
- Advertisement -