Пет филма од минатата година кои секој претприемач треба да ги погледне

- Advertisement -

Иако веќе сме скоро до половина на 2018 година, доколку сте ги пропуштиле овие извонредни филмови од минатата година, дефинитивно треба да ги погледнете бидејќи можат дополнително да ве мотивираат.

5. Nobody Speak: Hulk Hogan, Gawker, and The Trials of a free press

- Advertisement -

Што се случило позади кулисите на високо профитнита тужба која го сруши Gawker? Документарецот на куќата Netflix го открива падот на овој онлајн медиум и неговиот основач Ник Дентон, како и изненадувачката улога во целата приказна на милијардерот од Силиконската долина, Петер Тил.

4. She Started It

- Advertisement -

Ова е документарец за пет жени кои во рок од две години основале технолошки компании. Документарецот отвора и многу прашања кои секој претприемач си ги поставува кога се впушта во авантурата на стартување сопствен бизнис.

3. The Founder

- Advertisement -

Филмот е биографија на Реј Крок, продавач од американската сојузна држава Илиноис кој ги сретнал браќата Мек и Дик МекДоналд во 1950тите години во Калифорнија и им помогнал локалниот бизнис да го претворат во глобална приказна.

Во главната улога на филмот е оскаровецот Мајкл Китон.

2. Becoming Warren Buffett

Гледањето на овој документарец за милијардерот и инвеститорот Ворен Бафет најверојатно нема да ве претвори во милионер, но приказот на животот од 86 години на оваа икона ќе ве научи како да носите добри, но и лоши одлуки кои го поставиле на позицијата на која се наоѓа денес.

1. The Greatest Showman

Овој филм е за бизнисменот и шоумен П.Т. Барнум и неговиот пат до успехот, кој е креаторот на The Barnum and Bailey Greatest Show on Earth. Во главната улога на Барнум се наоѓа Хју Џекмен, а во филмот глуми и познатиот Зек Ефрон.

Сподели!
- Advertisement -