Ова се најиновативните универзитети во Европа

- Advertisement -

Трета година по ред, Reuters го рангираше универзитетот KU Leuven во Белгија како најиновативниот универзитет во Европа. Оваа листа, редовно ги идентификува и рангира високообразовните институции кои најмногу придонесуваат кон науката, смислуваат нови технологии и поттикнуваат развој на пазари и индустрии.

Универзитетот KU Leuven во регионот Фландрија во Белгија каде се зборува холандски бил основан во 1425 година од папата Мартин V и постојано „произведува“ влијателни пронаоѓачи. Ова исто така е и еден од универзитетите со најмногу патентирани производи, што е еден од клучните фактори во рангирањето кое Reuters го прави заедно со Clarivate Analytics.

- Advertisement -

На второто место е рангиран Imperial College London, а на третото University of Cambridge – и двата британски универзитети, кои на овие позиции се одржуваат во последниве три години.

На четврттото место се наоѓа Federal Polytechnic School of Lausanne во Швајцарија кој бележи поместување за една позиција нагоре од минатата година, исто како и University of Erlangen Nuremberg во Германија.

- Advertisement -

На овогодинешниото рангирање за две позиции паднал Technical University Munich од Германија и се наоѓа на шестото место. На седмото се наоѓа британскиот University of Manchester, на осмото германскиот University of Munich, на деветтото данскиот Technical University of Denmark, а на десеттото швајцарскиот ETH Zurich.

- Advertisement -

Она што е многу интересен податок е тоа што мали европски држави како што е Белгија, може да имаат големо присуство во светот на иновациите. Белгија годинава има седум универзитети на листата со вкупно 100 најиновативни универзитети, што значи дека има најмногу иновативни универзитети по глава на жител, со популација од 11 милиони. По истиот принцип на иновативните универзитети по глава на жител, втора доаѓа Швајцарија, па Данска, Холандија и Ирска. Од листата е евидентно дека некои од најголемите држави во светот, како што е Русија која иако е петта економија во регионот, нема ниту еден универзитет рангиран во 100 најиновативни универзитети во Европа.

Се очекува универзитетите од западна Европа, не вклучувајќи ја Велика Британија, да продолжат со ова темпо на иновации бидејќи владите на Германија, Швајцарија, Холандија и Ирска повеќе вложуваат во развојот на иновации на универизитетите, а овде се и вложувањата од компаниите за кои се очекува ова да го прават поретко во универзитетите во Велика Британија поради нејзиното излегување од ЕУ.

Во 100 најиновативни универзитети, 99 се во западна, југозападна и северна Европа и само 1 во централна Европа, односно во Полска. Од источна и југоисточна Европа не е рангиран ниту еден универзитет.

Целата ранг листа и методологија, најдете ја на следниов линк.

Сподели!
- Advertisement -