Паметни влошки со вештачка интелигенција наменети за тркачи спречуваат повреди

- Advertisement -

Влошките за патики на Arion на тркачите им даваат фидбек во реално време за силата со која стапнуваат, бројот на чекори во минута, времето на контакт со земјата и многу повеќе од тоа за да ги подобрат нивните перформанси и да спречат потенцијални повреди, пишува PSFK.

Arion е нова генерација гаџет и кој овозможува оптимизирање на трчањето така што ќе функционира како личен тренер во реално време. Конектираните влошки чувствителни на притисок ги собира во секакви патики и ја следат интеракцијата меѓу стапалата на тркачот и земјата, даваат податоци во реално време преку апликацијата Arion за паметен телефон.

- Advertisement -

Производот комуницира со систем за вештачка интелигенција, кој базирано на собраните податоци од тркачите ќе создаде персонална програма за тренинг. По првото трчање користејќи ги влошките апликацијата ќе направи распоред за трчање и таргет зони и постојано ќе се адаптира на напредокот на тркачот со помош на машинско учење. Влошките моментално може да се купат во Велика Британија по цена од 179 фунти (околу 203 евра).

Сподели!
- Advertisement -