Милијардер од Пакистан сака да го купи стадионот Вембли

- Advertisement -

Англиската национална гордост, стадионот Вембли наскоро би можел да добие нов сопственик. Потврдено е дека Англискиот фудбалски сојуз е во преговори со Шахид Кан, сопственик на клубот во НФЛ, Џексонвил Џегуарс и на англискиот фудбалски клуб Фулам. Како што пренесуваат англиските медиуми, купувањето на Вембли ќе го чини околу 900 милиони евра.

„Кога би станал сопственик на стадионот Вембли, тоа би значело огромен напредок за Џегуарс и за целиот Џексонвил. Секако, секогаш ќе имам предвид дека Вембли е дом на англиската фудбалска репрезентација и секогаш ќе биде достапен за најважните спортски случувања и забавни настани, вклучувајќи ги и натпреварите на американскиот фудбал.“, изјавил Кан.

- Advertisement -

Клубот Џегуарс, од 2013 година играле по еден натпревар од сезоната во Лондон, а ако договор за купување на стадионот се оствари, тогаш најверојатно ќе се преселат преку океанот најдоцна до јануари следната година. Задоволни се и од управата на НФЛ, американската фудбалска лига бидејќи за нив тоа значи дека американскиот фудбал ќе ги надмине границите на американскиот континент.

Уште не е познато кога ќе се оствари оваа трансакција ниту пак како овој развој на ситуации ќе влијае на Челзи кој планираше да го користи Вембли како привремен стадион додека трае реновирање на Стемфорд Бриџ. Веќе е најавено дека Џегуарс на 28 октомври годинава ќе играат со победниците на американскиот Super Bowl, Филаделфија Иглс на Вембли.

- Advertisement -

Стадионот Вембли има капацитет од нешто помалку од 90.000 луѓе, а неговата изградба чинела 800 милиони евра. Најавата на овој договор за продажна на стадионот е дочекана со негативни реакции во Англија бидејќи Англичани го сметаат Вембли за национален симбол и една од првите асоцијации за земјата.

Во меѓувреме, The Guardian јави дека британската влада ќе ја поддржи продажбата на стадионот доколку се гарантира дека Англија ќе може да ги игра националните натпревари на истиот.

Сподели!
- Advertisement -