Австралиската компанија за облека Threadsmiths имитирајќи ги природните хидрофобни особини на листовите од лотусот успеа да креира облека која не може да се извалка и ја одбива секоја течност базирана на вода. Како тоа да не е доволно неверојатно само по себе, облеката на Threadsmiths не содржи аеросоли или други опасни хемикалии. Со помош на примена на нанотехнологија, компанијата успеа да ја подобри отпорноста на материјалот на вода и флеки без притоа да влијае на природните својства на памукот.
Според креаторите на облеката, Threadsmiths нуди одлична отпорност на флеки преку минимизирање на површината на која може да се прикачат водата или другите нечистотии. Така течноста се лизга од облеката и се создава ефект на самочистење. Иако облеката има својство на на водоодбивност, таа може да се пере во машина или на рака.