Робот за еден ден може да го уништи плевелот на површина од 80.000 квадратни километри

- Advertisement -

Без оглед на тоа дали ги сакате или ве плашат, роботите стануваат се покорисни, а еден од нив е идеален за користење на фарми. Компанијата Carbon Robotics произведе робот кој комбинира роботика, вештачка интелигенција и ласерска технологија за ефикасно да се движи низ полињата и ефикасно да го пронаоѓа и уништува плевелот.

За разлика од останатите технологии, овие роботи користат ласери за уништување на плевелот со помош на термална енергија, а притоа не влијаат негативно на почвата. Автоматизираните роботи им овозможуваат на земјoделците да користат помалку хербициди и да се намали работната сила потребна за отстранување на несаканите билки. Исто така, истовремено се унапредува ефикасноста и предвидливоста на трошоците“ се наведува на интернет страницата на компанијата.

- Advertisement -

Плевелот ја краде светлината и почвата од билките. Вообичаено плевелот се отстранува со раце, но се е потешко да се пронајде работна сила за таа работа. Решението е автономен робот кој користи 12 камери за снимање на почвата, а потоа компјутер со помош на AI го идентификува плевелот. Потоа следува уништување со помош на CO2 ласери. Роботот е толку ефикасен што за само еден час уништува 100.000 плевели или повеќе од 80.000 квадратни километри, за што на луѓето би им требале неколку недели.

Цената уште не е позната, но според гласиние, роботот ќе чини околу 100.000 долари.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -