GENUSEE се очила целосно направени од рециклирани пластични шишиња

- Advertisement -

Американскиот град Флинт во државата Мичиген се соочува со сериозна двојна криза. Од една страна, се соочува со недостиг на вода за пиење, а од друга токму како резултат на таа криза и купувањето флаширана вода градот е преплавен со пластични шишиња за вода. Очилата Genusee се решение и за двете кризи. Направени се од рециклирани пластични шишиња, кои ги има во изобилство во Флинт, а се произведуваат во градот.

Целта на овие очила е да се направи добро за луѓето и за планетата преку дизајн и сораотка за самите луѓе да ја донесат таа промена што им треба. Genusee ќе креира нови работни места во градот истовремено претворајќи го пластичниот отпад во модерни очила. И не е само да се рециклираат материјали туку да се претвори пластичниот отпад во нешто што има вредност и корисна цел. Со секој купен пар очила ќе се рециклираат по 15 пластични шишиња. Првиот стил на очила се вика Roeper и се демократски дизајнирани да одговараат на секое лице, а може да се набават само преку Kickstarter како очила за сонце или како очила со диоптер. Сите стакла на очилата се антирефлективни и имаат заштита од УВ зрачење. Освен тоа, за дополнителна цена може да се добијат стакла за висок индекс, со син филтер, со диоптер за сонце и прогресивни леќи.

Сподели!
- Advertisement -