Атрактивни учесници на петтиот InTech настан во чест на 20 години постоење на Open Source

- Advertisement -

На 29 мај со почеток од 18 часот, во MKЦ Клуб ресторанот во Скопје ќе се одржи петтиот InTech meetup организиран од страна на InPlayer.

Ова InTech дружење вклучува богата програма и неколку одлични меѓународни говорници како:

- Advertisement -

Фокусот и темата на овогодинешниот InTech meetup е дваесетгодишнината од Open Source Software што е значајна пресвртница во ИТ индустријата на глобално ниво, поттикната од програмери и компании од светски размери.

На настанот ќе се опфатат теми како изворедниот успех на Open Source движењето од неговото појавување во 1998 до денес, можностите и инспирацијата кои ги нуди, како и успешни приказни од компании кои инвестираат за да се популаризира неговото влијание. Говорниците ќе ги споделат своите професионални искуства, знаења и предизвици од секојдневнието во оваа индустрија на иновативност и лидерство.

- Advertisement -

InTech meetup е поддржан од InPlayer и замислата е да се одржуваат неколку meetup-и годишно. Целта на овие настани е да ја соберат заедницата на програмери на едно место и да им овозможат да зборуваат за технологија, да се запознаат, да се дружат.

Настанот е бесплатен, но местата за настанот се ограничени, а за да присуствувате, пријавете се на следниов линк​.

Сподели!
- Advertisement -