Технолошкиот парк во Загреб станува главен центар за истражување и развој во регионот

- Advertisement -

Eдна година после отворањето, Технолошкиот парк во Загреб започнува нов развоен циклус и модернизација вредни околу 2,6 милиони евра. До средината на наредната година, во паркот со неповратните средства од ЕУ фондовите во износ од околу 2 милиони евра ќе се опремат шест специјализирани лаборатории кои ќе се позиционираат како центар за истражување и развој за стартапи и мали и средни претпријатија во околината, пишува Poslovni Dnevnik.

- Advertisement -

Директорот на Технолошкиот парк, Фране Шешниќ, изјавил дека нивната цел е да понудат инфраструктура која ќе поттикнува меѓусекторска синергија, трансфер на знаење и искуства со што ќе се зајакне индустриското производство.

„За сите шест лаборатории имаме заинтересирани корисници, а ни се јавуваат и големи играчи кои бараат модел за соработка.“, изјавил Шешниќ.

- Advertisement -

Веќе околу 20 компании ги очекуваат повиците за набавување на опрема кои треба да ги отвори паркот, како компјутери со високи перформанси, опрема за компјутерска форензика, 3Д скенери и печатачи, генератори итн.

Никола Блажевиќ, коосновач и директор на компанијата Mikrotvornica која развива 3Д печатач и извезува услуги за 3Д печатење во Ирска, раскажал за нивната соработка за стартување на лабораторија во склоп на паркот наменета за 3Д моделирање.

- Advertisement -

„Ова ќе ни отвори пристап до високи технологии, ќе овозможи поврзување со други иноватори и ќе имаме полесен и побрз пристап до странски пазари.“, рекол Блажевиќ.

Се подготвува и лабораторија за IoT (Internet of Thing) технологии која се очекува да им овозможи на стартапите да развиваат електронска опрема која до сега можела да се изработува исклучиво од индустриските магнати.

За да успеете и на иновирате во светот на електрониката, потребно ви е, од една страна знаење, а од друга страна скапа и напредна опрема која стартапите не можат да си ја дозволат бидејќи чини стотици илјади евра. Сега ќе ја имаат на располагање во Технолошкиот парк и ќе можат да им парираат на големите компании.“, изјавил Зденко Маринчиќ чија компанија X-Logic која работи на IoT подрачјето во склоп на паркот.

Сподели!
- Advertisement -