Sweatcoin е најнеобичната криптовалута – ја заработувате кога се потите

- Advertisement -

Sweatcoin би била само уште една криптовалута во морето криптовалути да не се разликува од сите други по начинот на којшто се заработува. За да заработите Sweatcoin мора да ја преземете истоимената апликација (Android, iOS) и да ја чувате вклучена цело време, заедно со вклучен GPS, што секако дополнително ќе ја оптoвари батеријата на телефонот, пишува tportal.hr.

Секогаш кога апликацијата ќе забележи дека одите или трчате ќе го следи вашето движење и ќе ве награди со нешто помалку од еден Ѕweatcoin за секои 1.000 чекори. Возењето велосипед и пливањето нема да ви донесат виртуелни пари затоа што не вклучуваат одење, исто како и трчањето на лента во теретана затоа што мора да бидете на отворено за да функционира апликацијата.

- Advertisement -

Собраните Ѕweatcoin потоа можете да ги замените за спортски часовници, кредити во продавници на Amazon, онлајн музика, е-книги, гратис километри летање со авион или купони за подарок, во зависност од тоа што се нуди во даден момент. На пример, iPhone X е достапен за 20.000 Ѕweatcoin.

- Advertisement -

Необичната криптовалута исто така може да се донира во добротворни цели. Освен тоа, со Ѕweatcoin можете да отклучите разни нивоа на претплата? Се прашувате што ќе ви е претплата? Па, на основното ниво на Sweatcoin можете да добиете само до 5 Ѕweatcoin. Кога ќе го отклучите наредното ниво можете да добиете дупло итн.

Сподели!
- Advertisement -