После Eau de Toilette варијанта, оваа година Dior го претставува новото издание на парфемот Sauvage, Eau de Parfum. Моќната свежина на Sauvage е збогатена со нови сензуални и мистериозни ноти.
Francois Demachy, креаторот на Dior парфемите, инспириран од мирисот на пустината и зајдисонцето, го обновува својот потпис со Eau de Parfum композиција.
Неговиот интензивен и ненаметлив мирис на пустинска ноќ е свеж, мистериозно моќен во својата совршено одмерена свежина.
Калабријскиот бергамот ги покажува своите бои, сочни и полни со живот, кои се истовремено рафинирани и несовршени. Индонезискиот мускатен орев во комбинација со сечуанскиот бибер и ноти на зрно црвен бибер, ноти кои го претставуваат Sauvage олфлакторниот потпис, се објавени во димни акценти на апсолут ванила од Папуја Нова Гвинеја…
Во синото светло на самракот, природата се открива себеси како интензивна имирисна. Измешан со свежината на ноќта, топлиот пустински воздух се дише со полни гради. Во часот кога излегуваат волците и кога небото почнува да гори, се отвора нова магија.