Илон Маск ќе нуди бесплатни тест возења низ тунелот под Лос Анџелес

- Advertisement -

Компанијата на Илон Маск, Boring Company, е при крај со изградбата на првиот тунел под Лос Анџелес. Тоа го напиша Илон Маск на својот профил на Тwitter неделава. Додека чекаат одобрение за употреба, Маск планира да нуди бесплатни возења за јавноста за неколку месеци отсега. Најавата  на Маск беше придружена со time-lapse видео на Instagram на кое се гледа како изгледа едно патување низ тунелот.

Тест-тунелот со должина од од над 3 километри под седиштето на SpaceX во Хотрон, Калифорнија е доказ дека функционира концептот за подземен систем за јавен транспорт со којпатниците и возилата ќе го избегнат сообраќајниот метеж и брзо ќе патуваат на посебни електрични „санки“. Тие „санки“, теоретски, ќе можат да превезат од 8 до 16 патници или едно возило по магнетни ленти со брзина од максимум 200км/ч.

- Advertisement -

https://www.instagram.com/p/BinoVT6Acpd/

Во август минатата година Маск сподели фотографија од Tesla Model S во истиот тест тунел. Boring Company моментално работи на четири проекти за тунели во Лос Анџелес, Вашингтон, Чикаго и тунелот во Хоторн. Маск претходно уште во декември 2016 година напиша на Twitter за својата фрустрација поради сообраќајниот метеж во Лос Анџелес. Тој се надева и дека ќе успее да направи hyperloop меѓу Лос Анџелес и Сан Франциско во 2019 година по кој ќе се патува побрзо отколку со џет авион.

- Advertisement -

Во декември минатата година, пак, Маск доби даночно олеснување од 266.000 долари од страна на државата Калифорнија за да изгради нова зелосно автоматизирана фабрика за правење бетон. Кога ќе биде готова, фабриката вредна 3 милиони долари ќе произведува бетон четири пати побрзо од постојните, а ќе троши 20% помалку енергија и ќе испушта многу помало загадување.

Сподели!
- Advertisement -