Вложувањата во дигиталното огласување би можеле да ги престигнат традиционалните канали до 2021 година

- Advertisement -

Глобалните вложување во огласувањето ќе бележат стабилен раст од над 5,0% годишно до 2022 година.

eMarketer ја објави својата најнова студија за прогнозите за вложувањата во огласувањето, во која заклучува дека дигиталните канали ќе ги престигнат традиционалните медиуми веќе во 2021 година.

- Advertisement -

eMarketer е во своето истражување заклучува дека оваа година вкупните инвестиции во рекламирање на глобално ниво се зголемиле за 7,4%, на 628,63 милијарди долари, додека дигиталното огласување привлекува сé поголем дел од вкупните бројки.

Се очекува дека во наредните четири години процентот на вкупната потрошувачка во медиумските огласи во дигиталната сфера ќе се зголеми од 43,5% во 2018 година на нешто под психолошки значајниот праг од 50% во 2020 година, за една година подоцна да ги престигне традиционалните медиуми.

- Advertisement -

„Глобалните инвестиции во медиумите ќе забележат стабилен раст од над 5,0% годишно до 2022 година и покрај политичките и економските проблеми на некои пазари. Зголемувањето на инвестициите во дигиталните реклами ќе го задржи севкупниот раст на инвестициите во рекламирањето. Северна Америка ќе остане најголем рекламен пазар во 2018 година, со вредност од 232,48 милијарди долари и 37,0% удел во вкупните медиуми во светот. Азиско-пацифичкиот регион ќе биде втор во однос на регионалните инвестиции, со 210,43 милијарди долари и една третина од глобалниот бизнис за рекламирање.“, пишува eMarketer во соопштението.

Претходно беше предвидено дека Азиско-пацифичкиот регион до 2019 година да го достигне нивото на трошење на реклами во Северна Америка, но сега овие очекувања се одложени до 2022 година, како резултат на повисок раст од очекуваниот во Северна Америка и зајакнување на американскиот долар.

Сподели!
- Advertisement -